Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Тодор Христов Офицерчето

Роден е во Софија на 20 јануари 1883 година. Завршил Воено училиште во Софија, во 1902 година и започнува служба во Бугарската армија..Пролетта 1903 година ја напушта армијата и заминува во Македонија, каде влегува во четата на П.Гули која дејствува во Крушевско.

Како бугарски кавалериски потпоручник на 1-ва пешадиска кавалериска дивизија, на Смилевскиот конгрес бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарницата за бомби во Битолско и Крушевско.

За време на Илинденското востание, при нападот на Крушево командувал со Седмиот востанички одред, со борци од селата Селце, Обршани и Вранче. По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработка на црешовото топче.

Загинува при крајот на востанието на 21 септември 1903 година, во борба на планината Вилач, Скопско-Прешевско

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik